Проколнатиот стадион каде навивачи умираат од срцев удар

За една година починаа тројца навивачи од срцев удар. Освен тоа што починаа од срцев удар, другата работа што ги поврзува е дека сите тројца починаа на стадионот Рагби Парк на шкотскиот Премиерлигаш Килмарнок.

Натпреварот помеѓу Килмарнок и Хиберниан кој се одигра викендов во шкотската Премиер лига, беше прекинат по 5 минути игра во второто продолжение откако амбулантни возила влегоа на теренот и итно префрлија еден навивач во болница.

Лекарите се обиделе да му помогнат уште на трибините, но било беќе предоцна, а судијата во знак на почит кон 48-годишниот навивачот реши да го прекине натпреварот.

Ова е веќе трет смртен случај поврзан со Килмарнок и нивниот стадион во последнава година. Минатата година веднаш по победата над Селтик, од срцев удар почина таткото на Лиам Кели, фудбалер на Килмарнок.

Еден месец подоцна, на натпревар помеѓу Килмарнок и Инвернес почина еден гостински навивач.

7 мај 2013 - 14:05