Проклетите голови на Арон Рамзи

Фудбалерот на Арсенал мора да престане да дава голови. Истражувачи на интернет кои се бават со категоријата „на денешен ден“ сакаат да нè убедат дека неговите голови се поврзани со смртта на познати светски имиња од разни сфери. 

Во неделата Арсенал славеше против Манчестер Сити во финалето на Комјунити Шилд, а еден од стрелците беше Арон Рамзи. Денеска љубителите на филмот, особено на комедијата беа потресени од смртта на актерот Робин Вилијамс. 

Според тие што веруваат во таквата коинциденција, кога Рамзи ќе даде гол, еден, два или три дена потоа умира некоја позната личност, па сега вчерашното самоубиство на славниот актер го поврзуваат со неговиот гол. 

Во овие статистики и покрај тоа што ги прочитавме во Газета дело Спорт, ние не веруваме и решивме да ги напишеме чисто од сеир. 

- На 11 февруари 2012 година славната Витни Хјустон беше пронајдена мртва во својата куќа, а обдукцијата покажа користење на преголема доза на дрога. (Неколку часа претходно Рамзи постигна гол против Сандерленд) 

- На 2 мај 2011 година беше убиен Бин Ладен. (Рамзи погоди против Манчестер Јунајтед 24 часа пред убиството) 

- На 5 октомври 2011 година од рак почина Стив Џобс, три дена откако Рамзи му даде гол на Тотенхем. 

- Либискиот водач Муарем Гадафи беше убиен на 19 октомври 2011 година, а ден претходно стрелец на гол против Марсеј во Лигата на шампионите беше Рамзи. 

- На 16 мај 2013 година почина поранешниот аргентински диктатор Хорхе Видела, еден ден после голот на Рамси против Виган 

Головите на репрезентативецот на Велс почнаа најмногу да ги сметаат за баксузни од февруари 2012 година, период од кој се смета дека постигнал 11 малерозни голови.

Тој број до денес скокна на 29 и ние му посакуваме да го зголемува, затоа не знаеме како да ги поврземе со депресијата со Робин Вилијамс или дрогата на Витни Хјустон.

12 август 2014 - 16:49