Проблемите со кои се соочувал Иниеста по освојувањето на тројната круна

Кој би рекол дека за играч и човек од рангот на Андрес Иниеста ќе чуеме исповед во кој признава дека пател од нешто што и самиот не знаел што е. Се работи за депресија и тоа замислете летото после историската сезона на Барселона.

Сезоната 2008/2009 во Каталонија се памети по продажбата на играчишта од рангот на Деко и Роналдињо, но пред се по освојувањето на трите трофеи: Ла Лига, Копа дел Реј и Лига на шампиони.

Тој состав на Барселона предводен од Пеп Гвардиола се смета за еден од најдобрите во историјата на фудбалот кој ја прослави тројната круна во период од 18 дена.

Во домашното првенство Барса заврши со 9 бода предност пред Реал Мадрид, а сезоната ја заврши со 105 дадени и 35 примени гола. Загуби само 5 пати, двојно помалку од Кралевите.

Во шпанскиот Куп го декласираше Атлетик Билбао со 4:1, а во Лига на шампиони во Рим го совлада Манчестер Јунајтед кој тогаш меѓу другите ги имаше Фергусон и Роналдо.

Но колку и да се навраќаме на таа совршена сезона за Иниеста и другарите, сепак тој перфектен успех не можел да ја излечи депресијата на човекот кој реши да си ја отвори душата.

„Сето тоа дојде летото по освојувањето на тројната круна. Освојуваш три титули, му даваш гол на Челси, освојуваш ЛШ, неверојатна година и потоа почнуваш да се чувствуваш лошо, нешто не е во ред, ама не знаеш што е. Почнуваш да размислуваш, нешто не ти е океј, но не знаеш зошто. Правиш тест и се е во ред, но така не се чувствуваш и имаш некоја празнина. Плус сето тоа беше поврзано со смртта на Дани Џарке (играчот на Еспањол кој почина во 2009-та од срцев удар на 26 години)“.

„Се сеќавам дека се вративме од претсезонски подготовки и едно попладне седев дома и се чувствував навистина лошо. Го повикам клупскиот лекар и му реков дека треба нешто да направиме или не знам што ќе се случи. Ми треба помош, бидејќи во спротивно нема да излезам од оваа ситуација. Сакав само да помине ноќта, да се напијам апче и да заспијам“.

27 ноември 2018 - 14:45