Приватна плажа за Жервињо, огледало за Роналдо и фиксен телефон за Роналдињо

Фудбалерите прават милиони од играње фудбал и кога ќе треба да прават трансфер, некогаш знаат ептен да претераат па бараат авиони, хеликоптери и лични шофери како да се претседатели. Ова се дел од играчите кои изводеле кога преговарале за премин во друг клуб.

За да направи трансфер во Бешикташ, Роналдињо составил збир на барања без кои немало шанси да потпише. Тоа се: седум авионски билети месечно на релација Турција – Бразил за него и за неговото семејство, потоа личен шофер кој ќе биде достапен 24 часа во денот, мобилен телефон и фиксен телефон на трошок на клубот.

Во хотелот каде била сместена Португалија на Мундијалот во Бразил, Кристијано Роналдо побарал да има огледало во тоалетот кое не фаќа магла за да може да се види после туширање.

Кога Нејмар потпишувал за Барселона, татко му побарал приватен авион кој ќе може да го носи на секој меч кога ќе игра син му.

Кога Дејвид Бекам се преселил да игра во Милан, Викторија Бекам побарала хеликоптер кој ќе и биде на располагање 24 часа, термички базен, фитнес центар, личен стилист и личен готвач за макробиотичка храна.

Денис Беркгамп отсекогаш бил познат по тоа што има фобија од летање со авион. Затоа кога потпишувал договор со Арсенал, во клаузулата побарал да пишува дека секогаш кога клубот оди на гостување со авион тој да биде ослободен.

Освен платата од 20 милиони евра, Ето во Анжи побарал приватен авион и стан од 1.000 квадратни метри на четири ката со базен.

Трансферот на Жервињо во Ал Џезеира пропадна бидејќи во неговите барања стоело да има приватна плажа и приватен хеликоптер.

Најтешкиот дел во преговорите за Интер да го ангажира Пол Инс, беше неговата жена која бараше мега вила во Милано.

Кларенс Сидорф направи договор за да биде телевизиски коментатор за време на Мундијалот 2014, но за тоа доби престој во апартман на Копакабана.

Во јануари 2013-та Даниел Освалдо доби одобрување да отсуствува од тренинг на Рома во пресрет на дуелот со Пескара за да оди во Лондон на концерт на Ролинг Стоунс.