Пријателе, ти не смееш да играш против Наполи

Најпознатиот „инвајдер“ кој редовно упаѓа на големи натпревари па редари го бркаат по цел терен додека стадионот се забавува, овојпат не можел да игра на пријателски меч против својот сакан клуб. Полицијата му забранила.

До стартот на новата сезона во Серија А има уште 3 недели, па екипите веќе во полна пареа ги работат подготовките во пред-сезоната.

Наполи на нашиот Елиф Елмас се спрема во својата база, близу Неапол. Таму пред неколку дена им се приклучи и најголемото засилување летово, центарфорот Виктор Осимхен кој дојде од француски Лил.

Тимот од Југот на Италија во програмата има неколку пријателски средби. На 28 август Наполи играл против аматерски противници: Кастел ди Сангро и петтолигашот Аквила. По 45 минути играле против едните и 45 минути против другите. На крајот Неаполците дале 21 гол (10:0 и 11:0).

Кастел Ди Сангро можеби ќе се покажел подобро ако во составот им бил Марио Фери - Сокол. Овој напаѓач цела кариера играл во аматерски клубови од пониските лиги. Сега се вратил во Кастел Ди Санго со цел да си го оствари сонот - да заигра против својот сакан Наполи.

Ама желбата не му се исполнила. Полицијата во Неапол му забранила да игра од причина што Фери важи за еден од најпознатите „инвајдери“ (навивачи кои влетуваат во терен на познати натпревари во светскиот фудбал).

Фери упаѓал на сред терен на Светско првенство, на натпревари од Лига на шампиони, му ставил шал околу врат на Меси на сред дуел, го гушнал Касано и правел циркузи на многу места.

Едно од своите најпознати упаѓања Марио Фаери го имаше во април 2017-та година за време на дербито Наполи - Јувентус. Тоа беше прво враќање на Гонзало Игуаин во Неапол по бурниот премин во Јуве.

Фери влета на сред терен во дрес на Супермен со натпис Juve Merda и Ciro Vive и му фрли шал од Наполи на Игуаин во лице.

Цел стадион тогаш во делириум му аплаудираше на Фери, но полицијата го привела и му забранила влез на натпреварите на Наполи. Се испостави дури и како играч на терен на пријателски меч.

31 август 2020 - 12:31