Пречекот на Деле Али во Истанбул

Големото фудбалско име од Тотенхем, кое спласна во Евертон, прифати турски предизвик. Навивачите го пречекаа на класичен турски начин, а тој им го направи ќеифот уште на првата средба.

26 годишната ѕвезда од средниот ред дојде во Бешикташ на позајмица од Евертон со опција за откуп, а по синоќешниот спектакуларен пречек од навивачите денеска оди на медицински прегледи.

Деле Али е очаен за поголема минутажа, откако одигра само 13 средби од јануари, кога го направи трансферот од Тотенхем и имаше само еден настап како стартер на Евертон.

Поранешниот англиски репрезентативец е надвор од форма, а втората полусезона на Гудисон Парк ја заврши без ниту еден гол и асистенција.

Али му се приклучи на Евертон на стартот на оваа година во договор кој можеше да достигне до 40 милиони фунти, ако се исполнеа одредени бонуси за неговите игри.

Во Тотенхем настапуваше од 2015-та откако направи трансфер од МК Донс и стана редовен првотимец под водство на Маурисио Покетико.

Најдобрата сезона му беше 2016/2017, кога постигна вкупно 22 гола и беше прогласен за најдобар млад играч на годината во Премиер лигата.

Стотици навивачи му посакаа жешко добредојде на аеродромот Ататурк во Истанбул, а тој стави шал на Бешикташ и три потези ја запали толпата.

25 август 2022 - 11:12