Празнична фудбалска недела со Вардар - Зенит и Барселона - Јувентус

Лесно ќе се сложите со нас дека понеделник е глуп ден од повеќе аспекти, особено што од фудбал може да се гледаат Хадерсфилд и Лас Палмас, ама кој го врти денов. Ќе го искористиме да го најавиме уживањето кое престои. Во четврток сите на стадион.

Натпреварување: Лига Европа. Натпревар: Вардар - Зенит. Ден: четврток. Време 21:05. Локација: Арена Филип Втори. Карти: Од денес во продажба.
 
Ова е спортскиот настан број 1 кој со години и години го чекаше скопската публика. Вардар конечно ќе игра во групната фаза од Лига Европа рамо до рамо со Арсенал, Милан, Лацио...
 
Кој очекуваше дека меѓу 12-те групи од по 4 екипи годинава ќе го има и Вардар, особено по еден таков исклучително тежок пат на кој му стоеа Малме, Копенхаген и Фенербахче. Сериозни клубови кои знаат што значи Европа.
 
Вардар - Зенит не е единствената понуда од фудбалска Европа за оваа недела. На овој меч кој го очекуваме со нетрпение му престои дводневна програма од Лига на шампиони која уште на старт ни го носи репризното финале од 2015-та и деби на Стефан Ристовски кој со Спортинг отпатува во Атина.
 
Ова е дел од богатата празнична фудбалска недела за која ви треба само желба, пиво и слободни денови (од жените). Ќе ги болдираме најинтересните дуели.

ВТОРНИК ЛШ (20:45)
 
Група А
Бенфика - ЦСКА Москва
Манчестер Јунајтед - Базел
 
Група Б
Баерн Минхен - Андерлехт
Селтик - ПСЖ
 
Група Ц
Челси - Карабах
Рома - Атлетико Мадрид
 
Група Д
Барселона - Јувентус
Олимпијакос - Спортинг

СРЕДА ЛШ (20:45)
 
Група Е
Ливерпул - Севиља
Марибор - Спартак Москва
 
Група Ф
Феенорд - Манчестер Сити
Шахтјор Доњецк - Наполи
 
Група Г
Порто - Бешикташ
Лајпциг - Монако
 
Група Х
Реал Мадрид - АПОЕЛ
Тотенхем - Борусија Дортмунд

ЧЕТВРТОК ЛЕ (21:05)
 
Група Л
Вардар - Зенит
Реал Сосиедад - Розенборг
 
Фудбалската недела завршува со три дерби средби: Челси - Арсенал, ПСЖ - Лион и ПСВ - Феенорд, сите во недела.
11 септември 2017 - 12:41