Пороен дожд го одложи дуелот Аргентина - Бразил

Дербито на Јужна Америка во рамките на квалификациите за СП 2018 во Русија доцна синоќа беше одложено поради поројни дождови во Буенос Аирес, каде Бомбониера беше потопена.

Обилните дождови во Аргентина не дозволија натпреварот меѓу Гаучосите и Кариоките да се одигра во предвидениот термин, во 01:00 часот по централно европско време и ќе се игра во истото време во сабота.

По правилата, судијата Антонио Ариас од Парагвај излезе на теренот на 45 минути пред почетокот на мечот и го потврди она што се очекуваше, дека нема услови за игра. Во исто време, претставниците на обете фудбалски федерации се согласија со одложувањето. Инаку и Аргентина и Бразил имаа лош старт  на квалификациите, Селекао освои три бода на два меча а Аргентина има само еден бод после две кола.

Во дуелите од третото коло од КОМНЕБОЛ зоната синоќа се постигнаа резултати:

Еквадор - Уругвај 2-1 (1-0)
Боливија - Венецуела 4-2 (3-1)
Чиле - Колумбија (00:30)
Аргентина - Бразил (01:00) 

Табела: Еквадор (+1) 9, Уругвај (+1) 6, Чиле 6, Парагвај 4, Бразил 3, Колумбија 3, Боливија (+1) 3, Аргентина 1, Перу 0, Венецуела (1+) 0.

За сторијата на дуелите меѓу Аргентина и Бразил тука.