Порното на Манчини, нервозата на Лукарели и пораката на Кантона до Златан

Сестрата на Роналдо ги објасни неговите солзи за време на финалето, поранешниот напаѓач на Ливорно кажа зошто го баталил Твитерот, Лотито продолжи да објаснува за Биелса, а жената на Икарди кажа колку пари одбиле од Кина. 10-те највпечатливи изјави според Газета.

„Тие солзи дојдоа од срцето. Португалскиот народ страдаше од валканата игра која требаше да ја трпиме. Но Господ е голем и Кристијано, како и нашиот спасител Исус кој се жртвуваше на крстот, пушти солзи од болка бидејќи не можеше да им помогне на своите колеги и на својата сакана земја. Господ е праведен и Португалија заслужено го подигна трофејот. Сонот е исполнет, ние сме шампиони“, Катиа Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо.
„Јас сум тренер. Мауро е посветен и за мене тоа е важно. Не знам што се случило. Не читам весници, не слушам радио, не гледам приватни тв канали, освен ако нема некое порно...се шалам ок?“, Роберто Манчини.
„Биелса има прекар „Лудакот“, но јас сум уште по луд“, претседателот на Лацио, Клаудио Лотито
„Биелса парите ги сакаше во долари, авионски карти во прва класа за 5 луѓе и 5 телефони. „Клаудио јас зборувам по 2-3 часа дневно со Аргентина, така што прифаќам неограничено зборување и хотел со 5 ѕвезди“. Јас му велам: Марсело кога ќе дојдеш во Рим ќе те сместам во мојот хотел кој има 4 ѕвезди, лошо да не ти биде? Тој ми одговара: Супер. Потоа вели дека за тренинзите сакал германски кукли, а што ми фали на италијанските, па се работи за пластика, сите се исти. Му ги нарачав, а чинат три пати повеќе од германските. Ел Локо држел до вредностите. Знам јас до кои вредности“, Клаудио Лотито.
 
„Итурбе адвокат? Ма каков адвокат, ако не беше фудбалер ќе студираше онтологија“, Франчесто Тоти.
„Во Манчестер може да има само еден крал. Ти можеш ако сакаш да бидеш принцот и ако те интересира можеш да го земеш бројот 7. Тоа е мојот подарок за добре дојде. Кралот си замина. Да живее принцот“, Ерик Кантона за Златан Ибрахимовиќ
„Што ме обединува со Мурињо? Тешко е да се прават споредби. Има тренери кои се победници. Мислам дека во фудбалот постои победнички менталитет што го немаат сите“, Антонио Конте на првата прес конференција како тренер на Челси.
„Јас би можел да го тренирам Милан, но без да ми се даде шанса тешко е да се оцени дали имам квалитет за тоа. Како и да е, не сакам да зборувам за мене. Мислам дека е апсурд што Паоло Малдини кој е славна фигура во цел свет, нема никаква позиција во клубот“, Мауро Тасоти
„Денес не си актуелен ако те нема на социјалните мрежи. Јас го избришав профилот на Твитер бидејќи наскоро треба да отерам у курац еден куп луѓе“, КристијаноЛукарели. 
„Ако Мауро беше поврзан за парите, пред една недела ќе ја прифатевме понудата од 25 милиони евра годишно за две сезони од еден кинески клуб. Тоа не го сака Икарди, туку тој сака да биде ценет од страна на Интер. За новите играчи секогаш во преден план се парите, за Икарди не се“, Ванда Нара, сопруга и агент на напаѓачот на Интер.