Полициска истрага за измет во гостинската соблекувална

Сме виделе и прочитале за разни начини на вршење притисок врз гостински фудбалери, но некој во Англија паднал до толку ниско што гостинската соблекувална ја направил лом со измет.

По поразот од 2:0 во полуфиналето на плеј-офот во англискиот Чемпионшип, тренерот на Брајтон, Густаво Појет веќе почна да си бара нов клуб, но без дозвола од челниците на сегашниот, па затоа си заработи суспензија.

Но тоа не е единствениот проблем што го мачи Уругваецот. Тој бил засрамен од еден потег на неговиот клуб и решил да испрати мејл до сите вработени, но овој мејл стигна и до медиумите.

Кога екипата на Кристал Палас пристигна на нашиот стадион, во соблекувалната затекнале шокантна сцена. Некој извршил голема нужда, а потоа со измет ја измачкал целата соблекувална. Бесен сум затоа што некој од нашиот клуб му овозможил пристап и барам тој да се открие", е дел од мејлот на Појет.

Управата на Брајтон одби да коментира, но откако целата јавност дозна за скандалот, тие решиле да ја информираат полицијата и да започнат истрага.

20 мај 2013 - 13:44