Податокот кој го прави Реал Мадрид повеќе од екипиште

Ако се прашувате како Кралевите стигнаа до трофеј во Ла Лига и Лига на шампиони, а ги освоија и Супер Купот на Европа и Светското клупско првенство, еве го одговорот. Имаат сезона за историја.

За сите навивачи, симпатизери, а особено за играчите, тренерот и оние кои работат во клубот овој податок е неверојатен и сите треба да бидат горди, а другите клубови љубоморни. Ќе болдираме, бидејќи ова е за респект.
 
Реал Мадрид успеал да постигне гол на сите можни натпревари одиграни во сезоната 2016/2017.
 
Тука влегуваат сите натпреварувања почнувајќи од Куп, првенство, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, Супер Куп на Европа и пријателски.
 
Првиот официјален натпревар Реал го одигра на 9 август 2016-та кога во финалето од Супер Купот на Европа ја совлада Севиља со 3:2.
 
Истиот месец славеше 5:3 на пријателска средба против Реимс, а потоа на 21-ви и 27-ми август ги доби првите две првенствени натпревари. На гости со Реал Сосиедад 0:3 и дома со Селта 2:1.
 
Серијата на голови ја почнаа со пехар во финалето од Супер Купот на Европа и ја завршија на најдобар можен начин, а тоа е трофеј број 12 во Лига на шампионите, совладувајќи го Јувентус со 4:1.
 
Највисокиот триумф Европскиот првак го оствари во Копа Дел Реј против третолигашот Леонеса на гости со 1:7. Ова не го може секој, па ниту една Барселона која не успеа во 180 минути фудбал да му даде гол на Јувентус.
 
7 јуни 2017 - 16:07