Пет причини зошто Донарума не личи на годините кои ги полни денес

Голманот на Милан слави 17 години, а оваа сезона ги воодушеви сите со својата појава и одбрани како да е возрасен човек. „Психолошки сум еден чекор понапред“, вели за себе и ветува дека нема да ја чита биографијата на Касано.

Поглед

Погледнете го. Дали ова може да биде “невин“ поглед на едно момче тинејџер на зајдисонце? Во неговата возраст очите како да даваат една несигурност, а нозете му се тресат како на прв состанок со девојка. На дебито во Серија А прими гол од Сасуоло. Што мислеа за тоа? Ништо. Играта продолжува. Малиот нема трема, сигурен е.

Распон на крилја

На 15 години беше висок 195 см, а сега има 198. Сте виделе од оние голманите во луна парк кои го покриваат целиот простор од голот и за да освоите шампањ треба да погодите во агол? Еве го, Џигето (така го вика Михајловиќ, прекар кој му го извади од името Џанлуиџи). Освен што е висок, носи и патики број 48, има голем распон со рацете и тој не припаѓа на голот, туку голот припаѓа на него.

Памет во глава

„Смиреноста е мојата сила. Не чувствувам притисок. Психолошки сум еден чекор понапред, а тоа го сфатив на дебито кога видов дека не сум вознемирен“. Кај него не се работи само за храброст, туку и за свеста во своите можности. На прашањето дали со оглед на возраста прави глупости во град, Џанлуиџи одговори: „Одам на пјаца Дуомо со другарите, но се колнат дека нема да ја читам биографијата на Касано“,

Што мислат за него?

Понеделник, 22 февруари, Наполи – Милан 1:1. Донарума се истегна колку што е висок, но на шутот на Инсиње изблокиран од Абате не успева да стигне. Малку задоцни? Не, Михајловиќ не смета така. Ако не стигне Џиго, никој друг нема да стигне. Поранешниот дефанзивец за него вели: Тој ја прати играта, добар е, интелигентен, има карактер и е иднината на италијанскиот фудбал. На 17 години го фалат и го сакаат имиња како за Златна топка: Берлускони, Галијани, Конте, Барселона, Манчестер Јунајтед. Драга Ирина Шаик, ти ќе почекаш, застани во ред.

Бројки

Бројот 99 е годината на раѓање (1999) и бројот кој го носи на дресот. Има повеќе настапи во Серија А (18), отколку години (17). Од дома си замина на 14 години и во првите три дена во интернатот во Милано не мислеше на ништо друго освен да избега. Со оглед на тоа што е малолетен нема право да потпише договор подолг од три години, но на 25 февруари 2017-та ќе потпише 5 годишен договор за милион евра по сезона кои ќе растат. Бројки за 17 годишник? Не, туку за феномен.

25 февруари 2016 - 16:48