Парма победи, а Џиџи уште е ѕвер и одбрани пенал

За три месеци овој човек полни 44 години и дочека на терен синови на фудбалери со кои играл на времето. Има една Фејсбук страна со вакво име: You can't retire, Gigi Buffon. Преку 1.100 настапи има.

Многу фудбалери во разни држави знаат да речат дека е потешко да се игра во втора отколку во прва лига. Сезонава сигурно тоа ќе стане популарна фраза и во Серија Б, особено ако на распоред ти се паѓа Парма.

Не им тргна нај нај сезонава и на табела се 13-ти. Но разликата со лидерот Пиза не е драматична и изнесува 8 бода. Млекарите имаат 3 победи, 4 нерешени и 3 порази, а синоќа ја совладаа Читадела со 1:2.

Јунак на мечот, Џиџи Буфон кој брани како пантер, без разлика на годините кои за него претставуваат само бројка. Домаќините изведоа два пенали, но Џиџи првиот им го фати мајсторски, а за малку му избега и вториот.

Погледнете ја извонредната парада прво од игра, а потоа и пеналот. Уште е полн со страст за фудбал и по интервенцијата се сврте за да урла накај публика.

Хајлајтс од мечот

Славјето со навивачите

А го видовте ли царот како се претстави кога го направи кам бекот во Парма летово?

29 октомври 2021 - 10:19