Пандев против Арсенал и Борусија, Георгиевски против Челси и Шалке

На денешната ждрепка во Монако беа извлечени 8 групи во кои се најдоа најдобрите 32 екипи во новата сезона од најквалитетното клупско европско натпреварување. Нашите претставници Горан Пандев и Даниел Георгиевски се пред тежок испит со своите екипи.

Барселона - Милан од Х групата, Реал Мадрид - Јувентус од групата Б и дуелот помеѓу европскиот шампион Баерн Минхен и Манчестер Сити се најинтересните двојки кои привлекуваат внимание по извлекувањето на ждрепката на групите за сезоната 2013/2014 во Лигата на шампионите.

Горан Пандев со Наполи се најде во групата Ф каде преку дуелите против Арсенал, минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд и екипата на Олимпик Марсеј ќе се бори за место помеѓу првите две позиции кои водат во осминафиналето.

Вториот наш интернационалец, бекот Даниел Георгиевски со тимот на Стеауа Букурешт за противници ги доби Челси, Шалке и Базел.

Група А

1. Манчестер Јунајтед
2. Шахтјор Донецк
3. Баер Леверкузен
4. Реал Сосиедат

Група Б

1. Реал Мадрид
2. Јувентус
3. Галатасарај
4. Копенхаген

Група Ц

1. Бенфика
2. ПСЖ
3. Олимпијакос
4. Андерлехт

Група Д

1. Баерн Минхен
2. ЦСКА Москва
3. Манчестер Сити
4. Викторија Плзен

Група Е

1. Челси
2. Шалке
3. Базел
4. Стеауа Букурешт

Група Ф

1. Арсенал
2. Олимпик Марсеј
3. Борусија Дортмунд
4. Наполи

Група Г

1. Порто
2. Атлетико Мадрид
3. Зенит
4. Австрија Виена

Група Х

1. Барселона
2. Милан
3. Ајакс
4. Селтик

Првите натпревари од групната фаза ќе стартуваат на 17 и 18 септември, а финалето е закажано за 24 мај во Лисабон.

29 август 2013 - 18:43