Па нема смисла ова што му го фати Облак на Барди

Барди влетува на втора и ја кова поштено. Шансата на прва изгледа на чист гол, ама Јан Облак со крајни напори спасува со една рака. Сето ова се случува на мечот Атлетико - Леванте при резултат 2:1 и тоа во 93-та минута. Неверојатно.

И тоа две чисти му фати. Претходно македонскиот репрезентативец имаше и одличен соло продор, но ударот за жал му беше скротен.

4 јануари 2020 - 20:54