Олимпико експлодираше на првиот европски трофеј на Рома

По рецептот на Ајнтрахт Франкфурт и навивачите на Рома се собраа и направија фешта на својот стадион, каде на видео бим го следена финалето од Конференциска лига.

Рома се радува на првиот трофеј по 14 години и воедно прв европски трофеј во својата историја, кој навивачите го славеа како Скудетото во 2001.

Преку 50.000 навивачи направија опсада на Олимпико каде го следеа финалето против Феенорд кое го добија со 1:0 и беа во делириум на голот на Ѕаниоло кој им го донесе трофејот.

Ова е воедно прво издание на Конференциската лига кое Жозе Мурињо го искористи да стане прв тренер во историјата кој ги освоил сите три клупски европски натпреварувања.

26 мај 2022 - 08:46