Одамна немавме видено гол од индирект

Ајакс го отвори резултатот со Мидтјиланд на гости уште во 47 секунда кога Промес, Тадиќ и Антони тргнаа во брз напад, а Бразилецот реализираше. Но тоа не беше најинтересен момент од првиот дел. Во 11' минута Ајакс доби индиректен удар откако играч на домашните му ја врати топката на голманот Микел Андерсен а овој ја фати со рака.

Голот на српскиот репрезентативец стана 700-ти јубилеен за Ајакс во еврокуповите. Толку постигнале само Баерн, Јувентус, Реал, Барселона и Ливерпул.

А сте знаеле ли дека Баерн Минхен во 2001-ва година освои титула со гол во судиско продолжение од индиректен удар?

4 ноември 2020 - 09:28