Од бес или од некултура?

Пред почетокот на дуелот Турција - Исланд на стадионот во градот Коња имаше едноминуто молчење во чест на приближно 100 загинати луѓе во бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд. Голем дел од публиката свиреше, негодуваше и скандираше за време на молкот и се создаде непријатна атмосфера.