Нов хаос во Парма, претседателот зад решетки

Џанпјетро Маненти кој требаше да биде спасител на клубот, утринава е уапсен за проневера заедно со уште 21 соработник.

Маненти сезонава стана трет газда на Парма и откако ја купи за само едно евра од Руско-кипарската групација, вети дека со помош на странски капитал ќе ги им ги исплати долговите на фудбалерите и ќе ги реши сите финансиските проблеми.

Ветувањата не ги исполни, а италијанските медиуми пренесуваат дека полицијата кај него открила незаконско работење по што го уапсила за перење на пари заедно со соработниците.

Џанпјетро Манети кој има фирма во Словенија во меѓувреме имаше можност и да ја препродаде Парма на бизнисменот Алесандро Проти, но за тоа побара 500.000 евра.

Клубот кој пред околу 15 години броеше ѕвезди од калибарот на Буфон, Турам и Креспо прави очајнички обиди да присобере пари и да ја доврши сезоната во Серија А, но едвај се снаоѓа да ги плаги судиите.

Пари за последните два меча против Аталанта и Сасуоло, клубот успеа да најде од приватни спонзори, а за организација на еден меч потребни им се 40.000 евра.

По 25 одиграни кола Парма има само 9 бодови, а доколку не се појави нов спасител, клубот ќе банкротира и наредната сезона ќе почна да се натпреварува од најниските лиги. Во следното коло Млекарите го пречекуваат Торино.

18 март 2015 - 11:25