Нов блесок на Миовски со два прекрасни гола за пресврт на Абердин

Шкотска дефинитивно се покажа како идеална средина за македонскиот центарфор кој решета скоро на секој натпревар. На конто сезонава има 14 гола на сите натпреварувања од кои 8 во првенство.

Со оваа форма и темпо на голови, Абердин многу тешко ќе успее да го задржи Бојан Миовски да не направи траснфер во поголем клуб.

Гол серијата ја продолжи против Ливингстон и тоа со два фантастични погодоци за пресврт и победа од 2:1.

Гостите поведоа преку Гутрие во 28 минута, но Миовски во 42-ра и 65-та минута доби две топки во шеснаесетник кои во негов стил ги реализираше без проблем.

Погледнете ја оваа реакција на прва со глава.

А потоа и со нога.

21 декември 2023 - 08:26