Нигерија загуби, но влезе во осминафинале

Продолжува гол шоуто на Мундијалот во Бразил кое ни донесе нови 9 погодоци на двата меча во групата Ф. Меси и Муса беа задолжени за тресење на мрежите во Порто Алегре, а фудбалерите на БиХ ја запишаа првата победа на Светските првенства.

Група Ф

Нигерија - Аргентина 2:3
Муса 4` 47` - Меси 3` 45` Рохо 50` 

Фудбалерите на Аргентина стигнаа до максимални три победи во својата група, а во осминафиналето за противник ќе добијат една од селекциите на Еквадор и Швајцарија. Муса и Меси оставија печат на мечот со по два постигнати голови, а третиот погодок на „Гаучосите“ го запиша Рохо. Фудбалерите на Нигерија силите во нокаут фазата ќе ги одмерат со Франција.

БиХ - Иран 3:1
Џеко 23` Пјаниќ 59` Врсајевиќ 83` - Реза 82`

Пирова беше победата на селекцијата на БиХ која со триумф над Иран си заминува дома. Един Џеко го скрши мразот на средбата во Салвадор со одличен удар од дваесетина метри. Предноста на Босанците ја зголеми Пјаниќ кој беше во сомнителна офсајд ситуација. Првиот гол за Иран на овој Мундијал го постигна Реза, а во следната акција по една маестрална контра Врсајевиќ ги постави конечните 3:1.

25 јуни 2014 - 20:05