Таг: нигерија

Неартикулиран гест на Нигеријците откако ја елиминираа Аргентина на Светско

Нигерија направи големо изненадување на Светско фудбалско првенство за играчи до 20 години. Во осминафинале успеа да го елиминира домаќинот Аргентина. Тоа океј, него нека си ги проверат децава. На ова треба да реагира и ФИФА.

На Пентагон не му се зборува за убиените цивили во Нигерија

Конгресот му даде рок од 90 дена на Пентагон да ги обелодени деталите и резултатите од истрагата нападот на бегалски камп во Нигерија во 2017-та година, во кој загинаа 160 цивили. Рокот помина пред две недели, Пентагон ни да зуцне.

Најбедната и најкомична местенка на пенали откако постои фудбалот

Љебу Јунајтед го совлада Рему старт со 3:0 на пенали во ФА Куп финале во Нигерија од кое е живи срамови што постои снимка. Добро во кој свет живеат овие? На глас се смееме на работа.

Во Нигерија се раѓаат повеќе бебиња отколку во цела Европа

Во следни 4 минути на планетава ќе бидат родени 1.000 бебиња (и така на секои 4 минути). Иако Индија и Кина се заковани на врвот со 172 односно 103 од овие бебиња,  најголемото разочување доаѓа од Европа (не ЕУ, туку Европа) која е стигната до разочарувачки низок наталитет.

На пазар во Нигерија

Лагос е најголемиот град во Нигерија и општо во Африка. Според официјални бројки има 25 милиони жители, според гужвата на пазарот изгледа ко да има најмалку дупло од тоа.

Барселона од Нигерија

Не им го гледајте стадиончето и околината, туку пратете им ја акцијата и завршницата. Со душа ја изиграа. Се гледа дека имаат тимски дух.

Кошаркарска мистерија од Нигерија, Шекил едвај чека да го види

Во претходните пар дена интернет го преплави видеото на кое се гледа младиот нигериски кошаркар Абидун Абегоке за кој се најавува дека наскоро ќе тргне на пат за Америка.

Нигерискиот џезер кој се борел против нацистите во Полска

Џез музичарот Огаст Агбула Браун веќе живеел во Полска 17 години, кога во 1939 станал дел од антифашистичкото движење во земјата.

Напаѓач на Клуб Бриж не играше Лига шампиони зошто му го земале местото во автобусот

Не, дефинитивно фудбалот носи лакрдии какви што не може да режира ни најлуд режисер. Синоќа од Белгија стигна вест дека центарфорот на тамошниот шампион нема да игра против Борусија Дортмунд од бизарни причини.

Барал копачки на отпад во Нигерија, преживеал маларија, а сега потпишува со Наполи за 81 милион евра

Нов соиграч на нашиот Елиф Елмас би можел да стане еден млад Нигериец кој ги пореметува противничките голмани и кој има страшна животна приказна иако има само 21 година.

Кога Нигеријците играле боси во Англија и победиле 5:2

На денешен ден во 1949 година, репрезентацијата на Нигерија гостувала во Англија против тимот Марин, во градот Крозби. Африканците играле боси ама тоа не им сметало со 5:2 да ги декласираат домаќините кои играле со модерни копачки.

Контроверзи откако Оксфордскиот речник за прв пат вклучи нигериско-англиски зборови

Со најновото освежување на речникот во него се вклучени 29 зборови од секојдневниот нигериски говор, со што се признава „специфичниот придонес кон англискиот како глобален јазик“ на најнаселената држава во Африка. Но Нигеријците не се воодушевени.

Зошто шпицот на Лестер Ихеаначо има чудни точки под презимето?

Екипата на Лестер во моментов е второ место во Премиер лигата, а „лисиците“ го играат можеби најубавиот фудбал во цела лига, поубав дури и од времето кога со Раниери сензационално ја освоија титулата. Келечи Ихеаначо им е еден од поинтересните играчи.

Нигеријката која ѝ донесе сребро на Италија и му удри смеч на расизмот

Паола Егону е родена во Читадела, град во регионот Падова на 18 декември 1998 година од родители мигранти од Нигерија. Во моментов има 19 години а веќе важи за една од најдобрите одбојкарки на светот.

Бора од Бајина Башта кој однесе 5 репрезентации на 5 Светски првенства

Рекордерот Велибор Милутиновиќ е човек за кого може и треба да се сними филм. Останат без татко и мајка на млади години тргнува на пат околу светот и фудбалските тајни ги раскажува во пет различни земји со кои оди на Мундијали.

Оби Микел пред мечот со Аргентина дознал дека татко му е киднапиран

На четири часа пред решавачкиот меч против Меси и Аргентина, во третото коло од групната фаза за пласман во осминафинале, капитенот на Нигерија дознал страшна вест.

Голманот кој никогаш не бранел за Аргентина, а дебитираше на Светско

До 31 година чекал да му се исполни животната желба и да брани за својата земја. Сонот му се оствари на Светско првенство каде имаше одлично деби.

Аргентина се спаси од резил, а Марадона се поремети

Со голот на Маркос Рохо во 86-та минута, Аргентина се избори за осминафинале во директниот дуел со Нигерија за второто место. Четири минути подоцна на Гаучосите им олесна откако дознаа дека Перишиќ го тресна Исланд во последна минута.

Муса го одра јарецот, Исланд испадна од Светско

Нигерија и Исланд го одиграа првиот меѓусебен натпревар во историјата со оглед на тоа што Скандинавците се дебитанти на Мундијал и Африканците славеа со 2:0. Сега во групата сè е можно а најмногу се надева Аргентина.

Како Аргентина може во следна фаза?

По бродоломот на Аргентинците, одново се активираа хејтерите на Лионел Меси и неговата репрезентација кои сметаат дека „Гаучосите“ ги изгубија сите шанси за осминафинале. Дали е така?

Успешен старт на Хрватите

Без блескава игра, но со искуство и поквалитетен играчки кадар, селекцијата на Хрватска ја доби Нигерија со 2:0, но без ниту еден нивни гол од игра. Првиот беше автогол, а вториот пенал кој за разлика од претходните на Аргентина и Перу, Модриќ го претвори во погодок.

Стариот добар Џеј-Џеј Окоча прави шоу во Русија

За него еднаш Роналдињо кажа дека е единствениот кој имал повеќе дриблинзи од него. Нигериецот не направи којзнае колку богата кариера ама им остана во сеќавање на сите носталгичари кои ги поздравува од фан зоните во Москва.

Милојко и Неделко

На еден од последните натпревари пред Светското првенство 1998 во Франција, Југославија ја пречекала Нигерија на пријателска средба. А мечот го коментирал Милојко Пантиќ кој не пропуштил шанса да се позафркава.