Нереален спринт на Халанд кој ќе урнеше светски рекорд

Ова што го прави малиов на 19 години е скроз лудо. Ај што сезонава има вкупно 39 гола на сите натпреварувања и вчера го реши ПСЖ со два комада, туку пазете го ова. Норвежанецот во една контра полета со спринт од 60 метри кои ги истрча за 6,64 секунди.

Чисто колку за споредба, светскиот рекорд во оваа атлетска дисциплина е 6,34 на американскиот спринтер Кристијан Колмен. Тоа значи дека напаѓачот на Борусија бил кус за само 30 стотинки.

Головите од синоќа

19 февруари 2020 - 08:38