Необични податоци за неверојатниот Деле Али

Ѕвездата на Спарс со два гола ја прекина серијата на Челси од 13 победи и покажа дека игра во животна форма. Притоа ги збогати и статистиките.

- Деле Али синоќа трет натпревар по ред постигна два гола. Во претходните две кола по два пати ги матираше голманите на Саутемптон и Ватфорд, а синоќа со глава му даде два гола на Челси.

- Тотенхем Спарс никогаш не загубиле меч на којшто Деле Али бил стрелец. Кога репрезентативецот на Англија давал гол Тотенхем остварил 12 победи и 4 нерешени.

- Деле Али минатата сезона на 33 меча постигна 10 гола а сезонава на 19 средби веќе има 10 гола.

- Одличниот играч од средината на теренот постигна 20 лигашки голови од почетокот на сезоната 2015/2016 лани - подвиг што не му успеал на ниту еден играч од средината на теренот.

- Во најдобриоте 5 лиги во Европа ниту еден млад играч до 20 години не постигнал толку голови од почетокот на минатата сезона.

- Интересен податок е што на Деле Али за 20 гола му требаа 52 меча, а на Сколс за толку му требале 74 натпревари, на Бекам 90, на Лампард 140 и на еден Стивен Џерард дури 169 дуели.

- Челси прими два гола со глава од Деле Али синоќа, а до тој натпревар сезонава „Сините“ не примиле НИТУ еден гол со глава.

Деле Али веќе неколку години не зборувал со татко му. Родителите на Деле Али, татко му Кени и мајка му Дениза биле разведени а татко му работел како бизнисмен во САД. Фудбалерот летово решил да го отстрани презимето Али од дресот и да му стои само имет Деле поради што татко му решил да допатува од САД за да разговараат.

„Сакам името на дресот да го претставува тоа што сум а јас немам никаква врска со презимето Али. Ова не е одлука што ми падна многу тешко“, изјавил Деле Али кого коментаторите и натаму го викаат така, Деле Али.

Еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата не зборувал ниту со своите сестри поради наводната „близина“ со татко им кого тој не го сакал. Англиските медиуми пишуваа дека тој се решил на ваков потег со презимето веднаш откако ја запознал моделката Руби Мае која што наводно влијаела на неговата одлука.