Немаше спиење во Болоња, се славеше на големо

Една од најубавите фудбалски приказни сезонава се крие во Болоња. Во 2014-та испаднаа од лига, а сега ќе играат Лига на шампиони. Еден Наполи нема да игра, а минатата сезона беа шампиони.

Со победата против Наполи на гости од 1:2, Болоња уште еднаш ја покажа силата оваа сезона, а потоа чекаше да им се поклопи резултатот од мечот Аталанта - Рома кој заврши 2:1 за и официјално да слави.

Играат страшна сезона со 18 победи, 13 нерешени и само 5 порази, идентичен скор со Јувентус со кој се израмнети со по 67 бода. Но поради подобрата гол разлика, тимот на Тијаго Мота е трет.

Овој клуб и неговите навивачи поминаа низ многу подеми и падови. Пред 22 години останаа без квалификации во Лига на шампиони во последно коло.

Оттогаш мора да се соочат со две испаѓања во Серија Б и просечни сезони во Серија А.

Сепак Тијаго Мота внесе нов живот и по пауза од 60 години ги носи во Лига на шампиони, само втор пат во нивата историја.

Во 2014-та играа во втора лига, а во 2024-та ќе играат ЛШ. Михајловиќ за жал не дочека.

Математички пласман во ЛШ има и Јуве, а најголеми шанси да влезе како петта екипа има Аталанта која го доби директниот дуел со Рома. Им бегаат +3 и имаа натпревар повеќе.

13 мај 2024 - 08:49