„Не дриблај, што мислиш дека си, Марадона?“

Поранешниот фантастичен играч на Манчестер Јунајтед и Интер Пол Инс открива една анегдота со Фергусон од времето додека играл на „Олд Трафорд“.

Најлошото за Сер Алекс Фергусон очигледно помина. Минатата сабота поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед беше итно опериран поради крварење во мозокот предизвикано од мозочен удар. После пар денови интензивна нега, тој излегол од кома и разговарал со најблиските.

Првите зборови му биле за фудбал: „Што направи Донкастер“ го прашал син му кој седел до него а кој е тренер на третолигашот. Деновиве многу луѓе од светот на фудбалот се блиску до Шкотланѓанецот којшто израсна генерации и генерации фудбалери.

Меѓу нив и Пол Инс кој играше за Манчестер од 1985 до 1992:

„Сер Алекс беше најважен елемент во мојот живот долги години. Кога дојдов во Манчестер бев премлад и Ферги ми беше како татко. Животот ми пружи и многу убави нешта и благодарен сум му на Фергусон за тоа. Ми овозможи да созреам и така станав подобар играч и личност каков што сум денес. Деновиве се сетив на сите неверојатни моменти со него“, вели Инс и продолжува:

„Еднаш игравме на Кероу Роуд против Норвич кој ни беше ривал за титулата. Победивме лесно со 3-0 и на крајот од мечот сите скокавме од радост во соблекувалната, но Фергусон беше бесен. ’Шефе, што е проблемот? Победивме! го прашав а Сер Алекс ми одговори урлајќи: „Пол, не си ти Марадона! Ќе примиш топка и ќе ја дадеш на најдобрите играчи.

Не зборувавме две недели, ни добар ден не си викавме. За време на една партија тенис, тој беше судија и досуди аут иако топката беше внатре. Намерно за да ме мотивира. Се сврте кон мене и ми рече: ’Инс, не смееш да се шегуваш со претпоставениот’. Се насмеав и се смиривме. Сакаше да ме научи да се борам против моето его. Се грижеше за нас како да сме му деца. Памтам еднаш во првите денови ме праша дали имам девојка. Кога му одговорив да, беше задоволен зошто сакаше најдобро за сите нас како татко“, заклучува Инс.