Навивач го кинел куранот на стадион

Британската полиција за време на натпревар во Англија го идентификувала и го привела навивачот кој завршил во притвор.

Инцидентот се случил во Чемпионшип лигата на натпреварот помеѓу Бирминген и Мидлзброу одигран на 7 декември, а полицијата го уапсила 25 годишниот навивач кој за време на мечот ја кинел светата книга на муслиманите, а страниците ги фрлал на терен.

Навивачот морал да плати кауција за да излезе од притвор, а ќе му биде забрането да присуствува на фудбалски натпревари се до завршувањето на судскиот процес.

Од управата на Мидлзброу го осудија инцидентот и рекоа дека спроведуваат политика на нула толеранција кога се работи за било каков вид на дискриминација.

17 јануари 2014 - 16:08