Напредок од Кичево е на стаклени нозе

Нови неубави вести за мак фудбалот. По сите долготрајни и мачни моменти околу судбината на 11 кратниот шампион на Македонија, уште еден познат клуб моли за помош бидејќи се наоѓа пред колапс.

Паралелно со Вардар, мака мачи да ја доигра сезоната и Напредок кој во моментов се натпреварува во третата лига. Кичевчани се жалат дека немаат никакви услови за играчи од типот на струја, превоз, плати, па дури и храна.

И нив им ветуваат празна слама и затоа почнаа да апелираат за помош на Фејсбук од страв да не згаснат.

Инаку Напредок е еден од најстарите македонски клубови формиран 1928 година. Беше прволигаш во периодот од 1999-та до 2014-та, со прекин од три сезони во кои испаѓање, па се враќаше експресно во елитата. Во 2004-та година беше и финалист во Купот на Македонија каде загуби од Слога.

ФК Напредок е формиран во 1928 година и е еден од најстарите клубови во Македонија.Меѓутоа денес клубот се наоѓа во...

Posted by ФК Напредок on Monday, April 12, 2021

Химната им ја пее нивни човек, Лозано.

13 април 2021 - 10:43