Најважниот натпревар во животот на Муамба

Азилантот Фабрис Муамба избегна граѓанска војна во Заир, храбро се избори за своето место во англискиот фудбал, а сега ја води најважната битка во неговиот живот.

Еден студен ден во 1999-та година, 11-годишно дете пристигна во Лондон од Заир (сегашно Конго). Тој не знаел ни збор на англиски јазик, но бил пресреќен што по пет години повторно ќе се види со својот татко.

Граѓанската војна во Конго се смета како најсмртоносна по втората светска војна. Овој конфликт зема 5,4 милиони жртви. Неговиот татко, Марсел, бил советник на поранешниот премиер на оваа земја. Едно утро тој го разбудил Фабрис и му рекол дека ќе оди надвор. Тој заминал во Британија каде добил политички азил.

По пет години Фабрис и останатиот дел од семејството му се приклучиле во Лондон. Фабрис во источен Лондон добил образование на највисоко ниво, но неговата страст била фудбалот и како талентиран фудбалер тој и се приклучил на академијата на Арсенал.

Фабрис добил неколку понуди да игра за Конго, но тој ја одбрал Англија. Во едно интервју тој откри дека се плаши да се врати во Конго затоа што некој може да го киднапира или убие.

Откако настапи на само два натпревари за Арсенал, тој се одлучи да премине во Бирмингем Сити каде менаџерот Стив Брус во него гледаше подмладена верзија на Патрик Виеира.

По испаѓањето на Бирмингем од Премиер лигата, Муамба за сума од 5 милиони фунти премина во Болтон каде одигра околу 150 натпревари.

Фабрис Муамба беше стандарден член на младинските репрезентации на Англија во сите старосни години. Во 2009-та година тој гостуваше во Прилеп на натпревар против младинската репрезентација на Македонија.

Младиот фудбалер колабираше на теренот на натпреварот против Тотенхем и се уште се наоѓа во критична состојба во болница во Лондон каде ја води најважната битка во неговиот натпревар.

19 март 2012 - 12:32