Најубав момент на колото: Играчите на Фулам прославија гол со дете со церебрална парализа

Малиот Рис е инспирација за сите во клубот, а скоро го ставиле и во составот на сајтот на Фулам.

Фулам игра одлично во првиот дел од сезоната во Чемпионшип и после 9 кола има 5 победи, 2 нерешени и 2 порази со гол разлика 19:8 (најефикасна екипа се во англиската втора лига). Имаат 17 бода и заостануваат само 4 зад првиот Борнмут.

Фулам направи прекрасен гест. Играчите го славеа голот на Александар Митровиќ против Бристол Сити (1:1 на гости) заедно со 13-годишниот Рис Потер. Малиот Рис има церебрална парализа но и покрај тоа тој е голем навивач на тимот од Крејвен Котиџ и се надева дека дури и ќе облече голмански ракавици за еден ден да брани за својот сакан тим.

Церебрална паразила обединува неколку пореметувања кои се појавуваат поради повреда на разни мозочни структури. ЦП е најмногу распространета причина за инвалидност кај децата, по разни податоци од 2-6 деца од 1.000 ја имаат ова тешка болест.

Рис Портерс живее со заболувањето но тоа не му смета понекогаш со помош на другите да поигра фудбал, иако видеата со тоа како тој стои пред голот не ги израдува баш англиските навивачи и предизвика разни реакции. Некои дури оделе и до таму да го навредуваат и да се исмеваат со неговата болест така што видеото од Тикток веќе е скриено.

„Ми беше многу жал но се обидов да го надминам тоа и да извлечам позитивни моменти“, рекол Рис за Sky Sports.

Он рекол и дека собира пари за акции преку кои би се зголемила свеста за децата-инвалиди, со цел да им се покаже дека и тие можат се и дека хејтерите нема да победат. Малиот веќе собрал 5.000 фунти.

Во Фулам дознале за ова и веднаш се организирале за Рис. Прво малиот се сретнал со еден играч од екипата, бекот Тим Рим го израдувал до солзи малиот Рис. „Луѓето гледаат во фудбалерите примери и инспирација. За мене тоа што го прави он е многу голема инспирација за секој од нас“, рекол фудбалерот на Фулам.

Пред мечот на Фулам со Рединг пред неколку дена Рис бил гостин и ја посетил клупската база, се дружел со Марек Родак и Пауло Газаинга.

Освен тоа Потер на сајтот го ставиле во составот на Фулам, му дале број 1 и го ставиле заедно со Марек Родак.

Рис претходно бил и на Вембли каде тренирал со репрезентацијата на Англија во борба со церебрална парализа - оваа екипа ја претставува земјата на меѓународни турнири.

27 септември 2021 - 10:26