Најстарото фудбалско дерби во светот слави 153 години

Првиот шут со топка на официјален напревар се случил во колевката на фудбалот, Англија во далечната 1860 година, а честа до денес да ја сочуваат традицијата ја имаат Шефилд и Халам кои овој викенд ќе ја одиграат меѓусебната 153-та дерби пресметка.

Потеклото на овој историски фудбалски натпревар доаѓа благодарение на Вилијам Прест кој бил трговец со вино и адвокатот Натаниал Крезвик кои го основале првиот и најстар фудбалски клуб на планетата Шефилд во 1857 година во мало градче во северниот дел на Дербишер.

По само три години се појавил и вториот фудбалски клуб на островот по име Халам кој и во денешно време игра на најстариот терен во светот според Гинисовата книга на рекорди, Сендигејд. Тоа било повод за почеток на најстарото фудбалско ривалство кое датира од 1860 година.

„Кога фудбалот беше непознат спорт, двата најстари фудбалски клубови Шефилд и Халам го одиргаа првиот пријателски, но многу важен натпревар. Среќни сме и горди што Прест и Крезвик ги удрија темелите на првиот фудбалски клуб", изјави претедателот на Шефилд, Ричард Тимс.

Првите успеси на Шефилд се од 1904 година кога го освоија аматерскиот ФА Куп, натпреварување иницирано од самиот клуб, а во 1977 година стигнале до финалето од ФА Вејз Купот. Од ФИФА добија орден за заслуга поради важностa која ја имаaт во фудбалската историја.

Екипата на Халам во 1867 година стигнале до првиот успех, триумфирајќи во Јудан Купот првото фудбалско натпреварување во светот, а историскиот пехар се уште го чуваат во своите витрини.

Областа од каде што потекнуваат овие два историски клубови е позната по двата славни тима Шефилд Венздеј и Шефилд Јунајтед, а оние кои се најзаслужни за постоењето на најпопуларниот и најгледанот спорт на планетата се дел од најниските лиги. Шефилд се натпреварува од осмата лига, а Халам е дел од 10 лига во Англија.

153 дерби меч помеѓу овие две екипи ќе се одигра оваа сабота, а неколку часа пред стартот на теренот ќе истрчаат ветерани кои ќе одиграат натпревар во традиционални дресови од тоа старо време.

25 јули 2013 - 19:23