Најлудите 10 прес конференции

Во една ваква листа не може да го нема Мурињо едно два пати, исто како и Конте и Трапатони кои знаат многу да се изнервираат. За хумор на пресовите е задолжен Клоп, а Малезани е број 1 во пцуење.

Франко Каљарди, тренер на Реџина (1 март 2014)

„Утре ќе играме по гаќи. Што ме прашувате за посетеност на стадион. Марш таму. Вие новинарите уште формацијата да ја направите. Ебете се“

Антонио Конте, тренер на Сиена (21 февруари 2011)

„Преку глава ми е да ги слушам истите кретенски работи секоја недела“ Купивме мртви играчи во Сиена, мртви кои никој не ги сакаше. Но како и да е ќе одиме во Серија А. Потоа никој да не ни се качува на кур добро? И кажете му благодарам на газдата бидејќи го има Конте во Сиена“.

Џовани Трапатони, селектор на Република Ирска (11 ноември 2011)

„Не велите мачка ако мачката не е во вреќа“.

Алберто Малезани, тренер на Панатинаикос (11 декември 2011)

„12 години, 24 тренери куров ми. Секогаш ќе бидат криви? Нека ни помогнат навивачите, имаат ли мадиња? Тука сум 24 часа на ден секој ден куров ми. Како бе каде сме куров ми, што стана фудбалов? Џунгла куров ми?

Јирген Клоп, тренер на Борусија Дортмунд (14 април 2014)

„Морам да прекинам, ќе се измочам“.

Жозе Мурињо, тренер на Интер (8 јуни 2008)

„Јас не сум глупак“, рече Мурињо кога се запознаваше со италијанските новинари.

Клаудио Раниери, тренер на Лестер (8 мај 2016)

„Им ветив на играчите дека на првиот меч на кој нема да примиме гол ќе им купам на сите пица. Но можеби не сакаат пица. Зошто да не продолжиме да трчаме, да трчаме и да трчаме? Ние сме како Форест Гамп“.

Масимо Одо, тренер на Пескара (20 септември 2016)

„После Наполи слушав како некои викаа дека оваа година ќе стигнеме до Лига Европа, а после поразот од Лацио сите велат: „Addo jem senz la punt senz lo difenzor“. Ајде доста. Треба рамнотежа“.

Жозе Мурињо, тренер на Интер (27 септември 2008)

„Пет часа дневно во период од неколку месеци учев италијански за да можам да комуницирам со вас новинарите и мислите дека не ве почитувам? Зборувајте со Раниери кој после пет години во Англија тешко му е да каже на англиски „добро утро“ и „добро вечер“. Кој е тој?

Џовани Трапатони, тренер на Баерн Минхен (10 март 2008)

Два дена по поразот на Баерн од Шалке, Трап се појави нервозен на прес конференција поради еден фудбалер и неколку пати му го повторуваше само името:

„Струнц“

23 септември 2016 - 16:35