Таг: прес конференција

Ќе ве чека Мурињо вас слушалките да ги наместите

Тотенхем продолжи со мизерни резултати кои го спуштија дури на 9-то место и скоро никакви шанси за пласман во еврокуповите. Мурињо е фрустриран па не може да трпи ни проблеми од техничка природа за време на онлајн прес-конференција.

Компилација на најинтересните пресови за 2019-та

Да не е Клоп видеово ќе нема поента. Разни пикантерии пред новинарите има често и со Мурињо, а тука се и Пеп, Лампард, Покетино...

Клоп му се извини на преведувачот

Иако беше апсолутно во право за замерката (многу преведувачи не познаваат фудбалска/спортска терминологија па буквално преведуваат на прес-конференциите), Јирген Клоп како прав џентлмен му се извини на преведувачот за тоа што јавно пред сите отворено го критикуваше пред мечот Салцбург - Ливерпул кој заврши 0:2.

Кејсуке Хонда ја зезна работата

Некогаш растураше во ЦСКА Москва поради што го купи Милан, ама во Италија не покажа ни промил од тоа што го играше во Русија. Кариерата ја продолжи во Мелбурн Виктори во Австралија каде е најдобар играч. Ама изговорот на англискиот јазик му е за уште работа.

Врвен хумор на Ѓоковиќ со италијански новинар

Откако ја освои рекордната седма титула на Австралија Опен и стана првиот во историјата со ваков подвиг, Новак Ѓоковиќ собра сили и да се посмее со новинарите. Еден италијански новинар му постави прашање со карактеристичен изговор на англиски јазик, а Ноле му врати во сличен манир.

Новинар заспа на конференција на Надал, па Шпанецот направи штос

Големиот Рафа, „Бикот од Мајорка“, успешно го започна првиот Гренд Слем во сезоната, Австралија Опен, откако со 6-4, 6-3 и 7-5 го совлада Џејмс Дакворд. После мечот, Рафа дојде на стандардната прес-конференција која беше нестандардна поради еден италијански новинар.

Мастер класа на Џерард на прес-конференција, Мурињо да учи

Самостојната тренерска кариера на Стивен Џерард трае околу пола година, но Стиви е неверојатно ладнокрвен на прес конференциите. Како да има 30 години тренерска кариера.

Тренер со cojones кој распали на прес конференција

Густаво Појет, некогашниот фудбалер на Челси и Тотенхем, во јануари годинава стана тренер на француски Бордо. И го водеше клубот до утрово кога управата реши да го избрка по бурната прес конференција после мечот од квалификациите за Лига Европа против Мариупол.

Леброн напуштил конференција по прашања за глупоста на Џеј-Ар Смит

А и како да не стане да си оди кога глупиов новинар пет пати го прашува исто и му се качува на глава.

Гатузо во улогата мој, мој преку мој

Со пет победи по ред во Серија А, Џенаро Гатузо го освежи Милан и го приближи до местото кое води во Лига на шампиони. Од управата најавија дека ќе му го продолжат договорот, а на пресот пред мега-дербито со Јувентус, новинарите по којзнае кој пат го закачаа за договорот па му пукна филм.

Италијански новинар го тролаше Конте со потпишан дрес од Мурињо

Меѓу италијанските новинари има и класични тролачи, а еден од нив ја искористи последната прес-конференција на Конте во Лондон да му подари дрес од Манчестер Јунајтед со автограм од Мурињо и натпис: „До мојот драг пријател Антонио“. На крај тренерот на Челси му кажа дека може слободно да си го земе назад дресот. Ова доаѓа по жестоките напади на релација Конте-Жоозе.

Од прес конференциите на Клоп може да се сними филм

Нова прес конференција со Јирген Клоп и нови бурлески, стандарно со преведувачката на која ѝ помогна на свој начин и со еден од новинарите кој постави непотребно и глупаво прашање.

Тивката смрт на брифинзите во Белата куќа

Со новата управа на Куќата, брифинзите за новинарите стануваат сè поретки, сè пократки и сè почесто без присуство на камери и аудио снимки. А за тоа колку првиот ешалон на Трамп „го заболе за медиумите“, говори реакцијата на главниот стратег на Трамп, Стив Банон, кој го дал следново објаснување: „Портпаролот ни се има здебелено“.  

Најјаката прес конференција на Мурињо

Додека играчите на Јунајтед ги отпоздравувале навивачите во последниот домашен меч сезонава, Мурињо отишол во прес-салата каде имало неколку новинари.

Новинар заспа на прес-конференција, Енрике го будеше

После победата на Барселона против Валенсија 4:2, англискиот новинар Стив Футерман од каналот CBS задремал на пресот кој го држел Луис Енрике. Тренерот на Барса се насмеал и прашал: ’Толку ли сум досаден’?

Спалети ја чукаше главата на прес-конференција

Испровоциран од наводно глупаво прашање на присутниот новинар, искусниот стратег на Рома реагираше невообичаено.

Најлудите 10 прес конференции

Во една ваква листа не може да го нема Мурињо едно два пати, исто како и Конте и Трапатони кои знаат многу да се изнервираат. За хумор на пресовите е задолжен Клоп, а Малезани е број 1 во пцуење.

Џо Харт прозборе италијански, ќе го биде

Најголемото трансфер изненадување летово беше голманот на Манчестер Сити Џо Харт кој дојде да игра во Торино. Ем го пречекаа стотици навивачи на „Биковите“, а тој им позираше со дресот, ем што сега им прозборе италијански па ќе го засакаат уште повеќе.

Толку од пресот

Сезоната уште непочната, а Реал Мадрид го освои првиот трофеј, втор за Зинедин Зидан како тренер на Кралевите кого го потсетија како се слави.

Брзопотезниот Луис Енрике на прес

По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".

Црна овца во друштвото, а сепак цар

Редовните прес конференции знаат да бидат страшно еднолични, монотони и досадни, но ако на нив гостува човек како португалскиот тренер Витор Переира (тогаш во Ал-Ахли, денес во Фенербхаче) сè може да се слушне. Револтиран од судењето распали на прес и за малку физички не се пресмета со човекот што ја водеше конференцијата.

Најславните 10 изјави на Жозе Мурињо

Шоу на прес конференции, напад на противниците, остри шеги: еве ги најпознатите настапи на Португалецот во 15 годишната кариера во Леирија, Порто, Интер, Реал Мадрид и Челси.

Кога ќерка ти ќе ти ја украде славата

И покрај тоа што сам го победи Хјустон во првиот дуел од финалето на Западот, Стеф Кари не беше главен на прес-конференцијата посветена за неговиот учинок. Малечката ќерка Рајли му го украде шоуто.