Најголемите промашувања во историјата на НБА драфтот

Прерано е да судиме каков ќе биде првиот Канаѓанец кој е избран за прв пик на драфтот во НБА лигата од оваа земја. Спортската јавност е изненадена од изборот, но ние ќе му посакаме среќа во друштво со најдобрите и се надеваме дека нема да се најде во иднина во некој ваков текст.

10. Фредерик Вајс (1999) Пик: 15

Ѕвездата на Јутјуб е учесник во едно од најдобрите забивања во историјата на кошарката. Но него "го прелета" Винс Картер на Олимпијадата во 2000 година и потоа силно ја заби топката во обрачот. Зад него на драфтот беше избран Мета Ворлд Пис, а во НБА Вас не одигра ниту една минута.

9. Адам Морисон (2006) Пик: 3

Порашениот кошаркар на Црвена Ѕвезда беше високо рангиран на НБА драфтот, но неговата кариера помина незабележано. Неговиот учинок во петте сезони во НБА беше 7,5 поени, 2,1 скок и 1,4 асистенции по натпревар, а зад него завршија Џеј Џеј Редик и Руди Геј.

8. Крис Вошбурн (1986) Пик: 3

Како трет пик на драфтот Бошбурн катастрофално ја заврши кариерата во НБА лигата. Во три наврати паѓање на допинг тесотвите со своите 212 см  не успеа ниту во други лиги. Просекот во двете минати сезони му беше мизерен со 3,1 поен, 2,4 скока и 0,2 блокади по натпревар. Зад него беа славните Џеф Норначек, Денис Родман и Марк Прајс.

7. Денис Хопсон (1987) Пик: 1

Хопсон е најголемото промашување во историјата на Њу Џерси Нетс. Таа година на драфтот имаше 7 рунди во кои Нетси избраа 6 бекови меѓу кои беше и Хопсон. Според статистиката не е толку лош, но со оглед на тоа што беше драфтуван пред Скоти Пипен, Реџи Милер и Кевин Џонсон изборот е погрешен. Просекот му беше 10,9 поени, 2,8 скокови и 1,6 асистенции во 5 минати сезони.

6. Мајкл Оловокенди (1998) Пик: 1

Оловокенди имаше релативно долга кариера, но недоволно успешна за да биде прв пик на драфтот. Клиперски можеа да одберат и некое друго име како на пример Дирк Новицки, Винс Картер и Пол Пирс кој завршија зад него. Во 9 сезони учинокот му е 8,3 поени, 6,8 скока и 1,4 блокади по натпревар.

5. Марвин Вилијамс (2005) Пик: 2

Атланта мораше итно да бара решение за нападот затоа што имаше скор од 13:96. Изборот со Вилијамс се покажа како погрешен кој во 2012 година премина во Јута Џез. Зад него беа драфтувани Крис Пол, Дерон Вилијамс и Монта Елис, а просекот му беше 11 поени и 5,1 скока по натпревар. Тој се уште е дел од НБА лигата.

4. Лару Мартин (1972) Пик: 1

Екипата на Портланд знае дека пред 40 години направи голема грешка, но со оглед на не толку развиениот скаутинг во тоа време им се простува. Боб Мекаду и Џулиус Ирвинг завршија зад него, а високиот Мартин за 4 сезони оствари учинок од скромни 5,3 поени и 4,6 скока.

3. Кваме Браун (2001) Пик: 1

Браун ќе остане запаметен како прв средношколец кој е избран за прв пик на драфтот. Иако удел во овој избор имаше легендарниот Мајкл Џордан, тој стана потпросечен кошаркар со 6,6 поени и 5,5 скока по натпревар. Тој е се уште активен играч а беше драфтуван во Вашингтон Визардс. Зад него завршија Пол Гасол, Тајсон Чендлер, Џејсон Ричардсон и Ричард Џеферсон.

2. Дарко Миличиќ (2003) Пик: 2

Во еден од најсилните драфтови во историјата на НБА лигата Миличиќ ќе остане запаметен како еден од најлошите пикови. Иако освои шампионска титула со тимот на Детриот Пистонс тој мина бледи 9 сеони со просек од 6 поени, 4,2 скока и 1,3 блокади по натпревар. Зад него беа Двејн Вејд, Крис Бош и Кармел Ентони.

1. Сем Боуви (1984) Пик: 2

Една година пред да го драфтува одличниот Клајд Дрекслер, тимот на Портланд го избра Сем Боуви. Но утката е енормно голема, затоа што го испуштија од раце најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, а зад него беа и славните Чарлс Баркли и Џон Стоктон. Боуви во 11 сезони оствари просек од 10,9 поени, 7,5 скока и 1,8 блокади.

28 јуни 2013 - 18:56