На Фред му вперија пиштол и му го здиплија џипот

На видеото се гледа како разбојници го следат славниот Бразилец, го вадат од кола со вперен пиштол и му го крадат џипот.

Грабежот се случува во Рио де Жанеиро, а снимката е направена од надзорна камера, во моментот кога се обидува да се паркира.

Разбојниците го следеле Фред, кој инаку е спортски директор на Флуминенсе после натпревар во четвртокот ноќта. Од другиот автомобил излегуваат тројца.

Инаку Фред се пензионираше лани како играч на Флуминенсе каде е втор најдобар стрелец со 199 гола.

Славниот напаѓач ги тресеше мрежите и за Атлетико Миниеро, Крузеиро и Лион и кариерата ја заврши со 395 клупски погодоци.

За Бразил има 39 настапи и 18 гола, како и учества на Мундијалите 2006 и 2014.

 

26 ноември 2023 - 08:35