Мурињо до новинар: Ти се извинувам јавно за глупоста што ја направив

И Жозе знае да се извини кога ќе погреши и тоа со новинар, кон кој призна дека бил непотребно дрзок откако се преслушал. Убав гест.

„Пред да почнете со прашања, сакам да му се извинам на Даниеле Ло Монако. Отсекогаш си бил коректен со мене и добро си ја вршиш работата. Вчера ти го преслушав прашањето и немаше никаква причина за да реагирам така. Ти се извинувам јавно за глупоста што ја направив“.

18 септември 2023 - 15:03