Многу, многу јак фудбалски расказ од Радамел Фалкао за Хименез

Репрезентациите на Колумбија и Уругвај се единствени кои досега ги оправдаа очекувањата на Копа Америка 2019 и покажуваат зошто се дојдени во најсилен состав. Колумбиецот Фалкао раскажа интересна сторија за Уругваецот Хименез.

Хозе Хименез има 24 години и важи за еден од најдобрите стопери во шпанската Ла Лига. Освен што е јак како карпа и многу го разбира фудбалот, младиот Уругваец во ракав имал и други фори за противничките напаѓачи.

Стоперот на Атлетико Мадрид за репрезентацијата на Уругвај дебитирал во квалификациите за Светско првенство 2014, кога влегол од клупата за резерви наместо ветеранот Годин против Колумбија.

Од тој меч анегдота прераскажува Радамел Фалкао, шпицот на Колумбијците.

„Не можев да се сконцентрирам, зошто Хименез ме полуде. Нон-стоп ме прашуваше прашања. Прво, ме праша што кола имам. Кога тргнав да му одговарам, тој веќе беше свртен и чекаше центаршут. Тоа беше само почеток. После ме праша зошто знамињата на Еквадор, Колумбија и Венецуела имаат исти бои. Следно, ми се приближи и ми кажа дека дебитира, дека е многу среќен и дека би го тетовирал датумот на мечот. Ме праша дали септември се пишува со или без „п“. Додека му одговарав, пропуштив сериозна шанса да скокнам на одличен центаршут за гол. Ме полуде“.

Стоперот на Атлетико Мадрид - Хозе Хименез