Многу јак момент од бугарскиот фудбал

Шампионот на Бугарија Лудогорец одигра само 0-0 против Славија Софија во бугарското првенство. Во 79’ минута Бразилецот Вандерсон мислеше дека конечно го отворил резултатот и отиде да го прослави со жена му која ја бакна, без да примети дека колегите веќе се вратиле на свои места поради кренато офсајд знаменце.

После мечот Бугарскиот фудбалски сојуз привремено го отстранил главниот судија на мечот, а Лудогорец го отпуштил тренерот Стојчо Стоев (управата не била задоволна од последните резултати на екипата која е на 2. место после 7 кола).

27 август 2019 - 10:02