Манчестер Јунајтед со влог од 1,3 милијарди евра освоил 7 трофеи, Реал со 250 милиони стигнал до 22

Налетавме на занимлива топ листа со најголеми трошаџии во фудбалот во изминативе 10 години. Арсенал испазарил играчи во вредност од милијарда евра и пак не може да освои титула. За Тотенхем да не зборуваме.

Првите девет клубови само за засилувања во изминатава деценија издвоиле 7,3 милијарди евра. Внимавајте подолу добро на топ листата. Реал Мадрид не е во топ 10, туку се наоѓа на број 18.

Што е најзабележливо?

Прво дека најмногу трошат Англичаните и дека само првите три екипи за трансфери потрошиле 3,3 милијарди евра.

Манчестер Јунајтед како најголем трошаџија во изминатава декада, точно колку што го немаат на клупата Фергусон, не можат воопшто да бидат задоволни со резултатите со оглед на енормно големата потрошена сум на пари.

Освоиле само 7 трофеи од кои еднаш Премиер Лига и ниту еднаш најценетата Лига на шампиони. Единствениот европски успех им е Лигата на Европа со Мурињо.

Нивните градски ривали пак со помалку пари стигнале со 17 трофеи. Оваа бројка е најголема кај ПСЖ кој има вкупно 30, но во далеку послаба конкуренција од онаа на островот и без ниту еден блесок на меѓународна сцена.

Таа му припаѓа целосно на Реал Мадрид кој со само 250 милиони евра влог, може да се пофали со вкупно 14 европски титули од кои 5 во ЛШ.

Њукасл и Тотенхем се најголеми лузери.

Манчестер Јунајтед: 1,29 милијарди евра - 7 трофеи
Премиер лига 1
ФА Куп 1
Лига Куп 2
Комјунити Шилд 3
Лига Европа 1

Манчестер Сити: 1,01 милијарди - 17 трофеи
Премиер лига 6
ФА Куп 2
Лига Куп 6
Комјунити Шилд 2
Лига на шампиони 1

Арсенал: 1 милијарда - 9 трофеи
ФА 4
Комјунити Шилд 5

ПСЖ: 960 милиони - 30 трофеи
Првенство 9
Куп 6
Лига Куп 6
Супер Куп 9

Челси: 720 милиони - 8 трофеи
Премиер лига 2
ФА Куп 1
Лига Куп 1
Лига на шампиони 1
Лига Европа 1
Супер Куп на Европа 1
Светско клупско првенство 1

Барселона: 596 милиони - 18 трофеи
Ла Лига 6
Копа дел Реј 5
Супер Куп на Шпанија 4
Лига на шампиони 1
УЕФА Супер Куп 1
Светско клупско првенство 1

Њукасл: 575 милиони - 0 трофеи

Милан: 546 милиони - 2 трофеи
Скудето 1
Супер Куп на Италија 1

Тотенхем 523 милиони - 0 трофеи 

Реал Мадрид: 250 милиони - 22 трофеи
Ла Лига 3
Копа дел Реј 2
Супер Куп на Шпанија 3
Лига на шампиони 5
Супер Куп на Европа 4
Светско клупско првенство 5

8 август 2023 - 15:39