Манчестер Јунајтед изигран од 5 фудбалери

Тимот на Ван Гал сезоната ја заврши на четвртото место во Премиер лига, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лига на шампиони. Менаџерот на Јунајтед почна активно да работи на трансфер пазарот, но го одбија неколку звучни имиња.

Црвените ѓаволи беа фаворити за потпис на Роберто Фирмино откако неговиот агент потврди дека ќе ја продолжи кариерата во Англија. Сепак, Ливерпул успеа да го украде талентираниот Бразилец со понуда од 29 милиони фунти.

Со трансфер во Манчестер се поврзуваше и Бастијан Швајнштајгер, но тој реши да остане во германскиот првак. 30 годишниот Германец силно беше поврзуван со Јунајтед, пред се поради добрата соработка со Луи ван Гал додека беше тренер на Баварците.

Германецот со турски корени Илкај Гундоган беше исто така на мета на Манчестер Јунајтед, но тој ги одби и го продолжи договорот со Борусија Дортмунд за уште една година.

Луи ван Гал потрагата по центарфор ја насочи кон напаѓачот на Баерн Томас Милер. Сепак Милер втора година по ред ги одбива Јунајтед и неговата намера според пишувањата на германските медиуми е да остане во Баерн Минхен до крајот на својата кариера.

Последниот играч кој не сакаше да заигра на Олд Трафорд е талентираниот фудбалер на Саутемптон Натаниел Клајн. 24 годишниот десен бек ги замени Јунајтед со Ливерпул.

30 јуни 2015 - 13:00