Лионел Меси е најпродуктивен фудбалер

Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии го прогласи Лионел Меси за најпродуктивен фудбалер во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги во Европа.

Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) е формиран од ФИФА во рамките на Универзитетот во Нојшатл, Швајцарија. Фудбалската опсерваторија во рамките на овој универзитет ги рангира фудбалерите според протуктивноста во минута, а при ова рангирање во предвид се земени повеќе фактори и статистики како шутирање, проигрувања и креирање на шанси.

По анализирањето на 908 фудбалери од шпанската Примера, англиската Премиер лига, италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1, за најпродуктивен фудбалер е прогласен Лионел Меси.

Тројцата најпродуктивни фудбалери доаѓаат од шпанската Примера. На втората позиција е Чави, а трет е Кристијано Роналдо.

Најпродуктивен фудбалер во Премиер лигата е Давид Силва од Манчестер Сити, Андреа Пирло од Јувентус е најпродуктивен во Италија, најпродуктивен фудбалер во германската Бундеслига е Франк Рибери од Баерн Минхен, а во Франција тоа е Андерсон Нене од ПСЖ.