Лидс слави прво место, а Џани прави шоу пред камера

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски и официјално ќе биде дел од Премиер лигата наредната сезона откако со Лидс ја завери челната позиција во Чемпионшип. Славјето е големо, а главен пред камери како и секогаш е нашето крило.

Во Чемпионшип викендов се одигра претпоследното коло во кое Лидс го совлада на гости Дерби Каунти и со тоа стекна недостижни 8 бода предност пред вториот ВБА кој загуби од Хадерсфилд.

На големо задоволство на играчите, раководството и навивачите, момците на Биелса го враќаат клубот во елитата по пауза од 16 години.

Една од ѕвездите на тимот, секогаш задолжен за забава и будалаштини е Алиоски за кој сите твитаат. 

Плус Руни му аплаудираше

20 јули 2020 - 07:57