Кротоне избори опстанок бидејќи влезе во подобра форма од Јуве

Паралелно со најголемата тага во последното коло од Серија А која се случуваше во Рим, на југот во Италија јунаците на Кротоне го славеа едно од најхеројските подвизи кога е во прашање борбата за опстанок.

Ниту една екипа која имала само 9 бода во првиот дел од сезоната во Серија А потоа не успеала на крајот да остане во лигата. Овој негативен рекорд синоќа го сруши Кротоне кој на машки начин се избори за опстанок во Серија А.

Како успеаа во тоа, ќе ви покаже оваа неверојатна статистика. На првите 29 средби освоија бедни 14 бода, но на последните 9 меча стигнаа до 20 бода и на чудесен начин се спасија од испаѓање.

Кротоне одигра два перфектни месеци и на последните 9 средби загуби само од Јувентус. Кога е во прашање споредбата со другите екипи од Серија А само Рома и Наполи оствариле подобар учинок од нив во април и мај.

Последните 9 меча на Кротоне изгледаат вака:

Кротоне – Удинезе 1:0
Пескара – Кротоне 0:1
Кротоне – Милан 1:1
Сампдорија – Кротоне 1:2
Торино – Кротоне 1:1
Кротоне – Интер 2:1
Киево – Кротоне 1:2
Јувентус – Кротоне 3:0
Кротоне – Лацио 3:1

Нивната позиција на 1 април

И на крај

Вака изгледа табелата во Серија А со резултатите остварени во последните два месеци:

29 мај 2017 - 12:24