Коментар на место за Пикси, човекот кој го врати култот во репрезентација

Ја следите ли Фејсбук страницата „Istorija ex yu fudbala“? Се работи за најдобриот и најбогат колаж на ретро слики од нашиве фудбалски простори, каде понекогаш може да се прочитаат и објективни мислења, докажани со факти. Последниот се однесува на селекторот на Србија за кој постојат поделени мислења во српската јавност.

Да бидеме фер и праведни

Пикси ја однесе Србија на Светско. За прв пат во историја ја внесе во А групата од Лига на нации. На добар пат е да ја однесе на ЕП после 24 години. Ја совлада Португалија, не на пријателска, туку во директен дуел за пласман на СП. 

Ја победи Норвешка во решавачкиот меч за пласман во А групата од Лига на нации. И тоа и двете селекции ги доби на гости. Го врати култот за репрезентацијата, го придоби Самарџиќ и уште некои момци.

Пикси не наследи селекција на светски и европски шампиони, па да ги уништи, туку една раштимана дружина на препотентни величини, која четврт век не видела Европско првенство и која од 2010-та и пировата победа над Германија, не победила ниту една селекцијата од топ 10 во светскиот фудбал. 

Од нив направи тим и една целина и ги однесе на три големи натпреварувања.

Имаше ли тактички грешки? Да. Дали Пикси е голем тренер? Не. Ама наведете ми во Србија барем еден таков? Ајде да го смениме Пикси, а после што ќе правиме? Што ќе биде кога сцената ќе ја напуштат Тадиќ и Митровиќ? Кои ќе ги наследи?

Се сеќавате на неодамнешниот дебакл на младата репрезентација во Англија? Кажете ми еден млад играч на Србија кој во догледно време би можел да биде во топ 50-100 во светскиот фудбал?

Се плашам дека иднината не ни е многу розова, дека ќе дојде време кога ќе ја направиме истата со Пикси и кога пласманите на СП и ЕП ќе ги славиме како историски настани.

Ако Пикси беше паметен и поднесеше оставка веднаш после победата над Португалија, зад него ќе останеше илузијата на голем тренер и голем селектор, исто како што остана зад Славољуб Муслин, во чиј мандат репрезентацијата играше најдекадентен фудбал од 1978-ма, од кога ја следам репрезентацијата како СФРЈ, СРЈ, СЦГ, РС.

Арогантен, суетен и тврдоглав се дрзна да ги смени ДНК-то и менталитетот на српскиот фудбал, каде бункерите Муслин и Владан Милојевиќ се симболи на тактичка генијалност, да игра напаѓачки фудбал со повеќе голови. И покрај тоа доживеа да го плука секој неписмен фудбалски навивач.

Виа

20 октомври 2023 - 10:49