Кој против кого во осминафиналето

Многу математики, многу калкулации. Некој чека гол разлика, некој фер плеј, а некој мора да победи за да оди понатаму. Каква е ситуацијата?

Познати парови од осминафиналето се:

1. Швајцарија - Полска (25 јуни, Сент Етјен)
2. Хрватска - еден од третопласираните од група Б, Е, Ф (25. јуни, Ленс)
3. Велс - еден од третопласираните од група А, Ц, Д (25. јуни, Париз)
4. Победникот од група Ф - вториот од група Е (26. јуни, Тулуз)
5. Германија - еден од третопласираните од група А, Б, Ф (26. јуни, Вилнев)
6. Италија - Шпанија (27. јуни, Париз)
7. Франција - еден од третопласираните од група Ц, Д, Е (26. јуни, Лион)
8. Англија - вториот од група Ф (26. јуни, Ница)

Преостанатите натпревари после кои се ќе биде дефинитивно познато се играат во среда:

Група Е: 18:00 Унгарија - Португалија, Исланд - Австрија

Група Ф: 21:00 Италија - Република Ирска, Шведска - Белгија

Еве како стои ситуацијата за најдобрите четири третопласирани селекции кои ќе одат понатаму: 

21 јуни 2016 - 23:30