Клинецов од Баерн се загради ко Малдини

Не видовме какви тренинзи имал Алфонсо Дејвис по дома последниве два месеци, ама на малиот не му влијаела долгата пауза. Погледнете го овој енергичен трк во 87-ма минута на крилото на Баерн, кој во секунда се претвора во бек кога треба.

Инаку Баварците славеа 0:2 против Унион Берлин. Гушкање немаше, иако малце при прославата на првиот гол се подопуштија.

18 мај 2020 - 09:28