Каква мангупарија и направи Меси на Селта

Кај што е генијалец, па уште е и итар. Цела тим на Селта влезе во шеснаесетник за да го спречи неговиот слободен удар и цела планета мислеше дека ќе шутира. Но мајсторот на фудбалската игра од нетипична ситуација за асистирање, го најде Суарез на втора.

Ама и Јаго Аспас излезе мангуп од слободен, па во 88-ма ги поздрави за конечни 2:2.

27 јуни 2020 - 19:08