Како ли успеа вака сам да се повреди?

Не се сеќаваме да сме виделе голман да ја рогне и потоа да легне на земја со грч на лицето. Но да не јадеме гурабии, Клоп веќе даде изјава дека Алисон Бекер го изнеле со количка и дека не изгледал добро. Дали е истегнување или нешто друго, ќе кажат лекарите.

Првичните прогнози се дека бразилскиот голман ќе пауза месец и пол до два, што значи го пропушта Супер купот на Европа против Челси кој се игра во среда, како и пет првенствени средби од Премиер лига. Каков малер, само што почна сезоната, настрада гадно.

10 август 2019 - 17:02