Како ли ќе брани малиов кога ќе порасне?

Обично на 17 години најголемиот дел од фудбалерите со светска слава уште се дел од младинскиот погон и се на чекор до деби пред широкиот аудиториум. Тоа не е случај со голманот на Милан кој се наметнува меѓу најдобрите, а роден е кога Шевченко пристигна на Сан Сиро.

Џанлуиџи Донарума не го дели само името со легендарниот Буфон, туку неговите изданија ветуваат дека ќе биде и новиот Џиџи за кој ќе се зборува и пишува и во 2036 година кога ќе има 37 години.

На вчерашниот меч против Пескара тој оствари 6 одбрани и стигна до 5 меча без примен гол по 11 минати кола во Серија А. Тинејџерот на Милан на своите 17 години стигна до следниов податок:

Тој е единствениот голман во топ 5 европските лиги со 5 натпревари без примен гол. Замислете не во Серија А, туку во конкуренција и на Премиер лигата, Бундеслигата, Ла Лига и Лига 1 каде не треба да набројуваме колку и кои искусни голмани бранат.

Тоа се натпреварите Сампдорија - Милан 0:1, Милан - Лацио 2:0, Фиорентина - Милан 0:0, Милан - Јувентус 1:0 и Милан - Пескара 1:0.

Еден од најзаслужните за моменталната трета позиција на Милан во Серија А сигурно може да се впише кај малиот кој брани како да е во кариера веќе 10 години, а зборуваме за средношколец.

Најлудата одбрана против Пескара

Иста како онаа против Јуве

31 октомври 2016 - 10:11