Како Коста и Азар го поддржаа Вилијан

Челси со 3:0 го прегази Лестер, а Еден Азар и Диего Коста ги прославија головите така што со рацете ги симболизираа буквата W и бројот 22. Во прв момент никој не сфати за што се работи, а двајцата подоцна објаснија дека го направиле како сочуство до соиграчот Вилијан (Willian) чија 57-годишна мајка пред неколку дена починала од тумор на мозокот. Вилијан дознал по враќањето од Бразил во Лондон.

 

16 октомври 2016 - 11:10